Робен не издржа и ја прекина пензијата, од следната година повторно во врвниот фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот холандски фудбалер, Арјен Робен ќе се врати во фудбалските води, само една година откако објави дека се пензионира од активното играње фудбал.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен потпиша договор со клубот во кој ја започна својата фудбалска кариера, Гронинген.

36 годишниот Робен изјави дека ова ќе биде тежок предизвик за него, но дека на истиот ќе се нафати со двете раце и со нетрпение очекува да започне во „старо новиот “ клуб.

Освен за Гронинген, во својата богата кариера Робен ги носеше дресовите и на ПСВ, Реал Мадрид и Баерн Минхен.