Родригез заврши со Реал Мадрид: Зидан не му го простил „гревот“ од 5 јули!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со денови се шпекулира за новиот клуб на Хамес Родригез, а се споменуваат ПСЖ, Атлетико Мадрид и Арсенал, но јасно е дека Колумбиецот нема повеќе да игра за Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан донел таква одлука на почетокот на јули. Тој му најавил на Родригез дека ќе добие минутажа против Атлетик Билбао, а Колумбиецот го замолил стратегот да не го носи на мечот, по што Французинот решил никогаш повеќе да не го искористи во натпреварите.

Познатиот менаџер Жорж Мендеш веќе со недели се обидува да му најде нов клуб на Родригез, а проблем претставува платата од осум милиони евра.

Засега конкретни понуди нема, но најголем интерес покажал Арсенал, кој неодамна го освои ФА-Купот. Сепак, освен голема плата, ќе треба сигурно да платат и одредена сума на Реал Мадрид за трансферот.