Рој Кин пред 20 години стана најплатен играч во Англија, а платата е приказна за себе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рој Кин е апсолутна легенда на англискиот фудбал.

Легендарниот Ирец започна со својата кариера  во Нотингем Форест, а славата ја стекна во Манчестер Јунајтед, чиј дрес го носеше од 1993. до 2005. година.

Кин важеше за бескропулозен борец на теренот и жестоко момче. Знаеше и незгодно да ги напаѓа противничките фудбалери, тепајќи се со противниците, но беше и тоа како омилен кај легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Сер Алекс не штредеше кога во 1999. година му понуди нов договор. Беше тоа најголем договор во англискиот фудбал, а понудена му беше плата од 50.000 фунти неделно.

Така Кин стана најплатениот фудбалер во Премиер лигата. Зад себе ги остави Алан Ширер, Данган Фергусон од Њукасл, Марсел Десаи и Дидие Дешамп од Челси, кои имаа плата од 40.000 фунти.

Интересно е секако дека денес многу пославниот Дејвид Бекам во тој период имаше плата од 20.000 фунти.