Рома има намера да го откупи договорот на Смолинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот репрезентативец на Англија во Рома дојде летово на позајмица од Манчестер Јунајтед, а за кратко време успеа да го задоволи вкусот на навивачите, како и раководството на клубот.

Откако одигра пет натпревари за Рома, Џанлука Ди Марцио и Ил Темпо пишуваат дека во римскиот клуб веќе планираат во наредните седмици да го откупат договорот на Смолинг од Манчестер Јунајтед.

Позајмицата на Смолинг, ја чинеше РОма три милиони евра, а се шпекулира доколку Рома го купи ќе им плати на Јунајтед нешто повеќе од 20 милиони евра.

Самиот трансфер во Рома за Смолинг беше воедно и прв негов надвор од Англија.