Рома ја подготви понудата за Смолинг, ни од далеку не е блиска до тоа што го бара Јунајтед

„Скај Италија“ пишува дека од Рома подготвиле понуда во висина од 8.5 милиони фунти за позајмицата на Смолинг да ја претворат во перманентен трансфер.

Јасно е дека двата клуба ќе преговараат за јануарски трансфер на англискиот дефанзивец кој започна одлично во Италија, меѓутоа понудата на „волчицата“ не е ни блиска до тоа што го бара Манчестер Јунајтед.

Имено, „ѓаволите“ за да се ослободат од 29 годишниот стопер ќе бараат најмалку 19 милионифунти, што е за десет милиони фунти повеќе од тоа што го нуди Рома.

Останува да видиме дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик и дали Смолинг ќе остане подлого во Рома.