Рома контактирала друг тренер пред да потпише со Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите тренери во светот Жозе Мурињо од следната сезона ќе ја предводи Рома и така ќе се врати во Италија по пауза од 11 години.

Мурињо си замина од Италија со тројната круна, која претходно ја освои со Интер, а во следната сезона ќе има голем предизвик бидејќи ќе треба Рома да ја врати во врвот во Серија А.

Италијанските медиуми објавија дека Мурињо, сепак, не бил прв избор на раководството на Рома, кое претходно го контактирало Марсело Гаљардо од Ривер плејт.

Аргентинецот не сакал да ја прифати понудата затоа што неговиот договор му завршува на крајот на годината и поради тоа ќе останел во Ривер плејт.

Гаљардо е еден од најинтересните тренери и за другите европски екипи, па во минатото се поврзуваше и со Реал Мадрид и Барселона.