Рома остана со „куси ракави“: Манчестер Јунајтед не го дава Смолинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед не планира да го продава Крис Смолинг и играчот останува во плановите на Солскјер за следната сезона.

Англискиот интернационалец започна одлично во Рома, па од „волчицата“ веднаш посакаа целосно да го откупат неговиот договор.

Сепак, Манчестер Јунајтед нема да се согласи на лесна продажба на својот дефанзивец кој изненадувачки си замина од клубот во последните моменти од преодниот рок.

Според „Скај Спортс“ засега нема никакви разговори помеѓу двата клуба за евентуален перманентен трансфер на Смолинг, а и да ги започне Рома, истите ќе бидат прекинати од Манчестер Јунајтед.