Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефназивецот на Барселона, Томас Вермален, се наоѓа на мета на клубот од Рим.
Фудбалскиот клуб Рома во своите редови сака да го доведе дефанзивецот на Барселона, пренесува “Газета Дело Спорт”.
Тој е голема желба на тренерот Лучијано Спалети затоа што би можел да се вклопи во формацијата 3-5-2 која планира да ја игра Италијанецот во наредната сезона.
Вермален во Барселона пристигна летото 2014 година за 19 милиони евра, но не ги исполни очекувањата.
Рома за неговите услуги би можела да плати 10 милиони евра, а не е исклучено и прво да дојде на позајмица.
Вермален оваа сезона одигра 20 натпревари во дресот на Барселона, а имаше и големи проблеми со повредите.
Сепак тој на ова ЕП игра на високо ниво, па се шпекулира дека Барселона ја разгледува опцијата да го задржи.