Романците открија со кои зборови бил навреден Вебо и зошто доби црвен картон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир се одигра вечерва (5-1), откако вчера беше прекинат во 14. минута поради скандалот со четвриот судија.

Играчите на Башакшехир го напуштија теренот откако Пјер Вебо го слушнал четвртиот судија како за него вели дека е „тој црниот човек“.

Но, тука страстите нема да се смират. Романскиот новинар Емануел Росу објави дека добил изјава од судијата, па му објаснил дека Вебо нив ги навредувал.

„Од втората минута Вебо почна да ни дофрла ‘цигани’. Тоа му го кажа помошникот на Хатеган, а четвртиот судија провери за кого станува збор и покажа кон него“, вели новинарот.

Наводно, еден од фудбалерите на турскиот тим му пришле на главниот судија и му кажал дека во Турција „Романците ги викаат ‘цигани’“.