Романија ќе ѝ биде последна пречка на македонските ракометари за пласман на СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските ракометарки во баражот за противник ја добија селекцијата на Романија, а доколку победат ќе се пласираат на Светското првенство (СП) во 2021 година.

Романија ќе биде последната пречка за избраничките на селекторот Симе Симовски, а првите натпревари се играат на 16 и 17 април додека реваншите се закажани четири дена подоцна.

Македонските ракометарки го освоија првото место на турнирот во Скопје, каде што се соочивме против Исланд, Литванија и Грција.