Романо најави сензација: Рудигер се договори со Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер ќе го напушти Челси на крајот на сезоната и како слободен играч ќе потпише за Реал Мадрид.

„Кралевите“ од следната сезона ќе добијат одлично засилување во одбраната, откако се договорија со германскиот фудбалер.

Рудигер останува без договор со Челси на крајот на сезоната бидејќи клубот не може да му го продолжи поради санкциите од Велика Британија.

Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо кажа дека Реал Мадрид се договорил со Рудигер и дека речиси сигурно тој ќе се пресели во шпанскиот гигант.

Првите информации од Шпанија се дека ќе заработува околу 10 милиони евра годишно.