Романо не знае да промаши: Реал Мадрид договори голем трансфер од Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека сè е договорено и во Мадрид ќе пристигна Антонио Рудигер, откако имал успешни преговори со Реал.

Познатиот експерт за трансфери на социјалните мрежи објави дека договорот меѓу двете страни е постигнат.

„Тој ќе игра за Реал Мадрид следната сезона“, напиша Романо за дефанзивецот кој во Челси претходно стигна од Рома за 35 милиони евра.

Рудигер стана еден од најдобрите дефанзивци во Европа, а беше желба на многу тимови, но сепак „кралевите“ биле најупорни во преговорите и ќе го добијат целосно бесплатно.

Челси претходно потврди дека Рудигер не сака да потпише нов договор, а притоа „сините“ имаат проблем и со газдата Роман Абрамович, односно санкциите на Велика Британија.