Роналдињо испрати порака до Меси по потписот за ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси вчера потпише двегодишен договор со францускиот гигант и ќе добива плата од 35 милиони евра годишно.

ПСЖ создаде тим од соништата и следната сезона ќе ги нападне сите можни трофеи, а во тоа ќе им помогне на Меси, кој во претходните години ја предводеше Барселона.

Откако Меси потпиша за ПСЖ, се јави и неговиот голем пријател, но и поранешен колега Роналдињо, кој му посака многу успех.

„Ми беше големо задоволство да го носиме дресот на овие два клуба, а сега го гледам својот пријател во дресот на ПСЖ. Лео, ти посакувам многу среќни моменти. Исто така, сум среќен што и мојот пријател Серхио Рамос е во тимот. Ми мириса на трофеј во Лига на шампиони“, напиша Роналдињо.