Роналдињо ќе излезе од домашен притвор, ама ќе го „чешлаат“ за – перење пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдињо го привршува четиримесечниот домашн притвор поради лажен пасош со кој сакал да влезе во Парагвај.

Легендарниот фудбалер и понатаму е во домашен притвор во Парагвај, заедно со неговиот брат Роберто, кој на 5 март користеше лажни пасоши.

Двајцата се во домашен притвор бидејќи платиле 1,2 милиони фунти, но сега повторно се на удар на парагвајските власти поради „перење на пари“.

Апелациониот суд неодамна ја отфрли жалбата и барањето да бидат пуштени на слобода, а Роналдињо се жалеше на третманот.

„Луѓето во своите домови мора да замислат како е кога не можеш да го правиш тоа на што си навикнат. Мислам дека тоа е нешто што ќе остане со нас кои минуваме низ ова комплицирано искуство“, кажа Роналдињо.