Роналдињо се спаси: Парагвајците го ослободиле од прекршоците!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Роналдињо и неговиот брат Роберто биле жртви на измама и против нив нема да биде почната судска постапка поради тоа што влегле во Парагвај со лажни пасоши.

Обвинителот во Парагвај, Федерико Делфино порача дека тие двајца помогнале во истрагата да се најде криминалната организација.

„Роналдињо и неговиот брат постапуваа според барањата и ни дадоа важни информации кои ќе ни помогнат во истрагата против криминалната организација, која прави лажни пасоши“, вели Делфино.

Роналдињо беше повикан во Парагвај за да ја промовира книгата, како и да учествува во една хуманитарна манифестација, а во неговата хотелска соба влегла полицијата, која ги пронашла лажните пасоши.