Роналдо доби „нож во грб“: Се чувствува подобра атмосфера на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед пред речиси два месеци, а потоа екипата на Ерик Тен Хаг оствари две победи, додека дел од фудбалерите тврдат дека се чувствува подобра атмосфера на „Олд Трафорд“.

Кристијан Ериксен разговараше со новинарите и откри дека атмосферата во соблекувалната е многу подобра по заминувањето на Роналдо.

„Жал ми е што Роналдо не е дел од екипата, но тој има посебен статус во екипата. Сега сме во подобра позиција бидејќи на почетокот на сезоната имавме проблеми. Се чувствува подобра атмосфера во соблекувалната и системот функционира како што треба. Овие победи ќе ни помогнат да го надминеме тешкиот период“, кажа Ериксен.