„Роналдо е крал на Лигата на шампиони, а Јувентус е далеку и тоа го покажува веќе 26 години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во вторникот беше елиминиран од страна на Порто во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа беше најголема сензација во осминафиналето.

По натпреварот против Порто, Роналдо беше критикуван од страна на медиумите и италијанската јавност, но Антонио Касано застана во негова одбрана.

Овој пат Касано порача дека Роналдо не заслужил такв критики и го „пецна“ Јувентус со изјавата дека клубот не е создаден за трофејот во ЛШ.

„Забавно ми е да гледате како луѓето се сомневаат во Роналдо, кој освои пет Златни топки и пет трофеи во Лигата на шампиони. Постигна повеќе голови од било кој. Роналдо и Јувентус се различни работи. Роналдо е крал на ЛШ, а Јувентус е спротивно од тоа и тоа вќее го докажуваат 26 години“, вели Роналдо.