Роналдо е сепак тој кој прави разлика! Португалија во финалето на ЕП!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кристијано Роналдо никогаш не бил поблиску како лидер на репрезентацијата до успех со репрезентацијата на Португалија.

Португалија во 2004 година играше во финалето и после 12 години повторно е во завршницата на ЕП.

Португалците вечерва со два брзи гола во продолжението ги скршија Велшани и стигнаа до финалето, а сега им останува единствено да сочекаат да видат кој ќе им биде противник дали домаќинот Франција или Германија.

Во тој меч, кој и да помине во финале, Португалија ќе биде во улога на утсајдер, но Роналдо е полн со самодоверба  и свесен е дека ова му е можеби и последна шанса да направи нешто со националниот тим.

Првите 45 минути од вечерашниот дуел беа досадни. Е едните и другите главна цел имаа да го спасат својот гол, па поради тоа не можевме да видиме некоја изразита шанса.

Во само осум минути во продолжението Португалија постигна два гола, двата во период од само три минути.

Прво Роналдо со небесен скок во 50 минута со глава погоди после уфрлување од корнер, а Нани токму на асистенција на Роналдо во 53 минута ги постави конечните 2:0.

Имаше шанси на двете страни во последниот пола час, но мрежите не се тресеа.

После тоа Велшани тргнаа на се или ништо, што беше и за очекуваање, но не успееја да го сменат резултатот. Герет Бејл се прости од Евро, но за него и за другарите и полуфиналето е голем успех.

Португалија на Роналдо е истотака слави голем успех, а шлаг на крајот би  било историското освојување на ЕВРО.