Роналдо емотивно: Разговарам со мојот починат син…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пирс Морган го објави интервјуто со Кристијано Роналдо, кое веќе неколку дена е главна тема во светските медиуми затоа што во него зборуваше за Манчестер јунајтед, односот со тренерот, но и поранешните колеги.

Роналдо во интервјуто зборувал и за приватниот живот, како и за големата трагедија која му се случи во семејството, откако почина едно од бебињата кои ги имаше со Георгина Родригез.

„Еден од најтешките моменти за мене беше кога останав без едно од бебињата. Кога стигнав дома, децата ме прашаа каде е другото бебе. Во тој момент, не можев да издржам и плачевме со Кристијано Јуниор. Ја чувам неговата пепел до таа на татко ми. Зборувам со нив и си го пронаоѓам мирот. Разговарам со мојот починат син и татко“, вели Роналдо.