Иако имаше очајна вечер, Роналдо со одличен гест расплака навивач!

Кристијано Роналдо се претвори во една голема фрустрација во текот на мечот со Австрија, бидејќи не успеа да постигне гол од многу изгледни шанси, а притоа промаши и пенал.

Фудbалерот на мадридски Реал на крајот на мечот сепак остана доследен до принципите поради кои неговите навивачи го обожаваат.

„Секогаш се сликам со навивачите кои тоа го сакаат. И јас некогаш бев ист и ги гледав во идолите“, рече соевремено Роналдо.

Еден навивач на стадионот во Париз дотрча до него за да направи селфи, а редарите тргнаа да го остранат. Португалецот јасно им рече да сочекаат, додека нервозното момче тресејќи пробуваше да ја намести камерата.

И покрај тоа што имаше очајна вечер, Роналдо стрпливо сочека, а после фотографирањето го напушти теренот.