Роналдо ги растажи навивачите: Ова е моето последно Европско првенство!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо потврди дека го игра последното Европско првенство (ЕП) во кариерата.

Роналдо пред мечот против Франција во четвртфиналето на ЕП во Германија кажа дека се повлекува од националниот тим.

„Ова е моето последно европско првенство, но не сум емотивен поради тоа. Сè уште имам голем ентузијазам за фудбалот и моја главна мотивација е да ги направам луѓето среќни“, кажа Роналдо.

Роналдо постигна 14 голови на 28 одиграни меч и е рекордер на ЕП.