Роналдо го откри својот фаворит за пехарот на СП во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не си го оствари сонот да триумфира на Светското првенство (СП) во Катар, откако во четвртфинале доживеа елиминација од Мароко.

Роналдо ја даде својата прогноза за финишот на Мундијалот, при што го прогнозираше освојувачот и кажа дека Килијан Мбапе ќе биде најдобар играч.

„Мислам дека Франција ќе ја одбрани титулата, како што кажав и пред почетокот на турнирот. Мбапе мислам дека ќе биде најдобар фудбалер на овој Мундијал“, кажа Роналдо.

Во полуфиналето на Мундијалот играат Аргентина – Хрватска и Мароко – Франција.