Роналдо го откри својот најдобар соиграч, а многумина се изненадени од изборот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да немаше силни проблеми со повредите на коленото којзнае каде би бил крајот на легендарниот Луис Назарио да Лима Роналдо.

Своевремено најдобриот фудбалер на светот играше со многу шампиони, но со изборото на најдраг соиграч едноставно го изненади.

Станува збор за Лука Нилис, Беглецот со кој Ил Феномено играше во ПСВ. Бразилскиот напаѓач со него во тандем на 57 натпревари постигна 54 погодоци од 1994. до 1996. година.

Гостувајќи во емисија на Спорт Тв, фудбалерот на Барселона, Интер и Реал, Нилис го означи како најдобар партнер во нападот.

„Се работи за белгискиот напаѓач кој играше со мене во ПСВ. Секогаш ми асистираше на секој меч во кој игравме. Не беше подобар од Зидан, но го красеше великодушноста, тој ми додаваше, јас постигнував погодоци“, истакна Роналдо.