Роналдо на само еден гол од рекордот на Шевченко во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо против Сасуоло може да го постигне неговиот 50. погодок во дресот на „Старата дама“ и да стане единствен фудбалер на кој му успеало тоа во Премиерлигата, Серија А и Ла Лига.

Исто така, Роналдо е блиску до уште еден рекорд, и тоа на легендарниот напаѓач на Милан, Андриј Шевченко, кој постигна 50 голови на 69 натпревари, додека Роналдо има 49 погодоци на 59 меча.

Потугалецот игра како во најдобрите денови, иако има 35 години, па сигурно може да одигра уште неколку врвни сезони на фудбалските терени и да урне уште некој рекорд.