Роналдо после спектакуларната победа имаше порака и за навивачите на Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа блескаше во мечот против Атлетико Мадрид.

Иако после 2-0 на првиот меч малку кој веруваше дека Бјанконерите можат да поминат понатаму, на крилата на одличниот Роналдо на крајот ја надокнадија предноста и се пласираа во 1/4 финалето од ЛШ.

После натпреварот Роналдо очекувано блескаше од среќа. Воедно го сруши и најголемиот ривал на Реал, клубот за кој настапуваше во претходните девет години.

„Им праќам прегратки на сите на кои им е Реал во срцето“, порача насмеаниот Роналдо и намигна откако го прегрна новинарот на El Chiringuito, телевизиско шоу посветено на Реал.

Навивачите на Реал и денес го обожуваат Роналдо, а после синоќешната партија, нема сомнение дека уште повеќе ќе биде славен и обожуван и во Торино.