Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва на програмата е последното коло во Серија А, а единствените две дилеми се кој ќе игра во Серија Б, Лече или Џенова, и кој ќе биде најдобар стрелец во Италија, а со самото тоа и во Европа.
Сепак, по најновите информации за тоа кој ќе биде најдобар стрелец веќе е решено.
Пред последното коло Имобиле беше на првото место со 35 погодоци, додека Роналдо го следеше со 31 гол на втората позиција.
Иако беше тешко остварливо, сепак се чекаше да заврши и последното коло за Имобиле да биде назначен за најдобар стрелец на Апенинскиот полуостров.
Сега кога стана јасно дека Сари ќе го одбара најдобриот тим, а со самото тоа и Кристијано Роналдо, сигурно е дека Имобиле ќе ја однесе „златната копачка“ во Серија А.
Имобиле ќе биде и најдобар стрелец во Европа затоа што има еден погодок повеќе од Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Тој е првиот освојувач од Лацио и прв играч кој игра во Италија кој ја добива оваа престижна титула по цели 13 години кога Франческо Тоти со 26 голови беше најдобар стрелец во Европа.