Роналдо по голот од слободен удар: Ова ми требаше… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус вчера победи против Торино со 4-1 во градското дерби во Серија А, па така продолжи да чекори кон титулата во Серија А.

Во листата со стрелци се запиша и Кристијано Роналдо, кој постигна феноменален погодок од слободен удар.

Роналдо во клупскиот фудбал последен гол од слободен удар постигна пред две ипол години, но сега пак го скрши проклетството.

„Многу ми беше потребен голот од слободен удар за да си ја вратам самодовербата. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но напорно работевме, победивме и сега го ставивме Лацио под притисок. Не е важно кој постигнува голови, сите сме во добра форма и ќе се обидеме да победиме и против Милан“, кажа Роналдо.