Роналдо по којзнае кој пат испиша историја во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Старата дама синоќа со голот на Игуаин во првото полувреме и со головите на Бернардески и Роналдо во второто ја потврдија победата на Јуве против Баер Леверкузен.

Ова беше натпревар во кој Португалецот по којзнае кој пат испиша историја во најелитното клубско првенство.

Роналдо помина девет години во Реал со кој четири пати ја освои ЛШ, а одигра голем број на натпревари и постигна многу голови ви ЛШ.

Во натпреварот против германскиот тим Кристијано успеа да го сруши рекордот на Икер Касиљас по број на победи во ЛШ со обзир на тоа дека стигна до броја од 102, а легендарниот шпански голман остана на бројот 101.

Исто така, Португалецот со голот против Леверкузен изедначи и рекорд на Раул погодувајќи против 33 различни клубови и веројатно набрзо ќе го сруши и тој рекорд.

Покрај тоа со Меси и Раул тој стана играч кој 14 сезони по ред постигна барем по еден гол во ЛШ.