Роналдо: Руни и Невил? Тие не ми се пријатели! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо предизвика вистинска бура во Манчестер јунајтед пред почетокот на Мундијалот во Катар, откако во интервју со Пирс Морган кажа работи против клубот, но и тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо неодамна беше критикуван од поранешните фудбалери на тимот, Гери Невил и Вејн Руни, а Морган го праша што ќе каже за нив.

„Пирс не разбирам. Тоа треба да го прашате Руни. Не знам зошто ме критикуваат. Лесно е да се критикува кога не ја знаете целата прикзна. Невил и Руни не ми се пријатели“, кажа Роналдо.

Португалецот претходно кажа дека неколку луѓе се обидувале да го избркаат од тимот уште минатата година, но не успеале во намерата.