Роналдо се „исклучи“ – прво нокаутира ривал, а потоа сакаше да го удри судијата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Наср беше поразен од Ал Хилал со 1-2 во полуфиналето на Суперкупот во Саудиска Арабија, а посебно нервозен на теренот беше Кристијано Роналдо.

Роналдо доби црвен картон во 86. минута, откако направи неколку скандалозни потези. Најпрво во обид да стигне до една топка влезе во физичка пресметка со ривал, а потоа за малку ќе го удреше судијата.

Португалецот и при излегување од теренот ја провоцираше публиката која претходно му скандираше „Меси, Меси“.