Роналдо се изнервира по поразот во дербито, па шутираше шишиња (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо заедно со неговиот Ал Наср загуби во дербито против Ал-Итихад.

Гол за победа на Ал-Итихад постигна Ромарињо во 80. минута од натпреварот, па го презема врвот на табелата со 47 бодови, додека Ал Наср има еден бод помалку.

Навивачите го провоцираа Роналдо со скандирање „Меси, Меси, Меси“, а тоа дополнително го изнервира Португалецот кој шутираше шишиња по поразот.