Роналдо сега го прогонува изјавата од 2015. година: Златната Копачка е поважна од освојувањето на Златната Топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси изминатата сезона по шестти рекорден пат ја освои Златната Копачка која му беше доделена вчера.

Меси повторно блескаше во дресот на каталонскиот клуб и го водеше тимот до титулата во Шпанската лига. Аргентинецот беше најдобар стрелец во Европа со постигнати 36 погодоци во првенство и поради тоа тој ја освои новата Златна Копачка.

За Меси ова беше шестта Златна Копачка по ред со што тој стана рекордер бидејќи пред него до сега никој не успеал во тоа. Сигурно најмногу му „пречи“ Кристијано Роналдо кој остана на четири освоени Златни Копачки, а сигурно го прогонува и изјавата од 2015. година.

Тогаш Роналдо на своето конто имаше четири Златни топки, додека Меси имаше пет, но имаше само три Златни Копачки. Но, Аргентинецот се докажа и беше брилијантен на теренот претходните сезони и како најдобар стрелец дојде до шест Златни Копачки, додека Роналдо сеуште се нема прославено во тој сегмент.

Сигурно дека сега го прогонува изјавата од пред четири години кога изјави дека за него Златната Копачка вреди многу повеќе од Златната Топка бидејќи тогаш ги имаше повеќе од Меси.

„Навистина ја сакам оваа награда. Тоа е најдобрата награда која еден фудбалер може да ја освои. Можат да ве изберат за најдобар фудбалер и да ви доделат Златна Топка, но работата на еден напаѓач е да постигнува голови и јас тоа навистина го сакам. За оваа награда се натпреваруваат сите играчи од европските лиги“, рече Роналдо во интервјуто за Де Телеграф во 2015. година.