Роналдо: Си заминав од Европа затоа што освоив – сè! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денеска беше промовиран во Ал Наср со кој потпиша договор на две ипол сезони со годишна плата од 200 милиони евра.

Роналдо стана најплатен фудбалер во светот, а за време на промоцијата кажа дека не му е жал што заминал од Европа бидејќи освоил сè.

„Мојата работа во Европа заврши. Играв за најдобрите тимови и освоив сè. Горд сум што станав фудбалер на Ал Наср. Луѓето не се свесни за квалитетот на фудбал во овој дел од светот“, вели Роналдо.