„РТЛ“ за Македонија: Дебитантите ќе уживаат во најдобрите денови во нивната историја!

Македонските фудбалери на 13 јуни ќе ги почнат возбудувањата на Европското првенство, на кое ќе настапиме за првпат во историјата.

Македонија досега не настапила на голем турнир, па и хрватски „РТЛ“ го одбележа тоа и новинарот Бранимир Кораќ напиша текст за македонската репрезентација.

„На ова ЕП Македонците сигурно ќе уживаат. Првпат се на еден ваков турнир, а штета е што нема да можат да ја почувствуваат атмосферата пред полни трибини. Но, секако дека и ова за нив ќе биде едно посебно доживување“, пишува новинарот.

Текстот за Македонија можете да го прочитате – тука.