Рудигер доби 20 конци, па испрати порака: Живи сме! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Антонио Рудигер без размислување се жртвуваше вчера и постигна гол за да го спаси Реал Мадрид од пораз на гостувањето кај Шахтер.

Благодарение на освоениот бод, Реал се избори за осминафинале во Лигата на шампиони, а Рудигер се судри со голманот по што заработи сериозна расекотина на лицето.

Шпанските медиуми пишуваат дека повредената му била санирана, а дефанзивецот добил дури 20 конци на неговото лице.

„Тоа што не те убива, те прави посилен. Јас сум во ред, ви благодарам за пораките. Живи сме“, напиша Рудигер на профилот на Инстаграм.