Рудигер го скрши носот за да го спаси Реал Мадрид од срам (Видео)

Реал Мадрид беше на праг до пораз на гостувањето кај Шахтер, но сепак Антонио Рудигер беше херој на европскиот и шпански првак откако погоди за конечни 1-1.

Рудигер во петтата минута од судиското надополнување не дозволи „кралевите“ да загубат, па така со 10 бода стигнаа на чекор до место во нокаут-фазата.

Германскиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата на домаќините, но потоа се судри со голманот и заработи скршеница на носот.