Рудигер може многу скапо да го плати голот против Шахтер (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако Антонио Рудигер вчера постигна гол за реми против Шахтер (1-1), но притоа заработи сериозна повреда.

Рудигер во 95. минута постигна гол со глава, по што се судир со голманот на Шахтер и дефанзивецот заработи голема расекотина на главата, по што почна да му тече крв.

Дефанзивецот на „кралевите“ добил дури 20 конци за да биде санирана повредата, а денешните дополнителни медицински прегледи ќе покажат колку време ќе паузира.

Првите прогнози се дека Германецот нема да биде подготвен за дербито против Барселона во „Ел Класико“, но по прегледите ќе се знае точната дијагноза.