Рудигер сè уште не гледа со едно око, но со новото барање ги изненади сите во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид обезбеди место во осминафиналето на Лига на шампиони, откако одигра 1-1 против Шахтер благодарение на голот на Антонио Рудигер, кој заработи сериозна повреда.

Рудигер постигна гол за израмнување, по што доби незгоден удар од голманот на Шахтер кој му го раскрваре лицето.

Германецот доби дури 20 конци од страна на медицинската екипа по судирот со голманот, а со едно око во моментов не може да гледа поради отокот.

Рудигер, сепак, сите ги изненадил денеска кога побарал да биде дел од тимот на Реал Мадрид кој ќе се соочи со Барселона во „Ел Класико“ кое се игра в недела.

Засега не е познато дали ќе игра Рудигер, но со оглед на неговата здравствена состојба не делува подготвено.