Румениге ги спореди Нојер и Тер Штеген, тој беше многу (не)реален


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судирот меѓу Барселона и Баерн е најзвучниот пар во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тоа ќе биде и дуел меѓу големите германски голмани Мануел Нојер и Марк-Андре Тер Штеген.

Неколку дена пред натпреварот, почесниот претседател на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, ги разбранува страстите и фрли масло на огнот кога станува збор за врската меѓу Нојер и Тер Штеген.

Имено, Румениге смета дека Тет Штеген сè уште не е голман од светска класа, иако тој веќе некое време брани навистина фантастично на голот на Барселона.

„Германија е среќна што има ваков пар на голмани, иако Нојер е од светска класа, Тер Штеген допрва треба да се докаже“, рече Румениге.

Патем, германската јавност е сè уште на страната на Нојер, што не е неочекувано со оглед дека станува збор за „единица“ на најпопуларниот тамошен клуб, Баерн.

Во петок, Тер Штеген ќе има можност што долго чекаше да им покаже на сите во својата земја и остатокот од фудбалскиот свет дека не е на пат да стане туку дека тој веќе е од светска класа.