Руни ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед: Секако дека ќе славам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вејн Руни утре ќе се врати на „Олд Трафорд“ и со својот Дерби Каунти ќе се соочи со тимот во кој остави значителен историски траг.

Руни најави дека ќе слави доколку постигне погодок против Манчестер Јунајтед на утрешниот натпревар.

„Да, секако дека ќе се радувам ако постигнам гол. Го обожавав моето време во Манчестер Јунајтед, секоја една минута од него, но сега сум играч на Дерби и сакам Дерби да победи на овој натпревар. За 90 или 120 минути, сакам Манчестер Јунајтед да изгуби“ –изјави Руни.