Руни и Дерби загубија од аматерски тим во ФА-купот! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатна сензација се случи во ФА-купот, откако екипата на Чорли славеше против Дерби каунти со 2-0.

Станува збор за сензација затоа што Чорли е аматерски тим кој се натпреварува во шестата лига во Англија, додека Дерби Каунт е во Чемпионшип и од клупата ги води легендата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни.

Треба да се спомене дека Дерби играше без неколку првотимци кои се позитивни на Ковид-19, но секако тоа не треба да биде оправдување за елиминацијата од аматерска екипа.

Чорли за првпат во својата историја ќе игра во четвртата рунда од ФА Купот.