Руни искрен: И покрај моето пријателство со Роналдо, го избирам Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни призна дека му дава предност на Лионел Меси во однос на Кристијано Роналдо.

Иако играше заедно со португалсиот фудбалер во Манчестер Јунајтед, во дебатата кој е најдобар фудбал на денешницата, Руни предност му даде на Аргентинецот.

„Роналдо не беше толку фокусиран на голови кога почнавме да играме заедно, но се виде дека сака да стане најдобар на светот. Тренираше и тренираше. И покрај моето пријателство со Кристијано, би го избрал Лео. Роналдо е немилосрден во казнениот простор, убиец. Но Меси ќе ве намачи пред да ве убие. Кога ќе го видите Меси,  имате впчеаток дека повеќе се забавува. Тие двајца целосно ја променија играта и мислам дека нема да се појави некој сличен“ –изјави Вејн Руни.