Руни со опасен потег си повредил сопствен фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Дерби каунти, Вејн Руни направи голема глупост на тренинг. Тој имал опасен старт врз Џејсон Најт и го испратил во болница.

Фудбалерот го повредил неговиот зглоб на ногата и ќе мора да паузира до три месеци, а тоа е голем удар за Дерби.

„Џејсон ќе биде надвор од терените до три месеци. За среќа нема да биде потребна операција, но му треба време за рехабилитација. Ова е навистина тежок удар за нас, зашто сите знаат колку ни значи“, вели Руни.

Руни и Најт тргнале кон една топка, но поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед бил жесток во стартот и на крајот тешко го повредил несреќниот играч.