Русинка има снимки кои може да му ја уништат кариерата на Зверев ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот германски тенисер Александер Зверев во моментов минува низ вистински пекол поради поранешната девојка Олга Шарипова, која го обвини дека ја нападнал физички.

Зверев упорно ги демантира шпекулациите на Русинката, но таа не се откажува. Сега таа кажа дека нема да запре додека не излезе вистината на виделина, а тврди и дека има докази дека била жртва на насилство.

„Минатата година кога бевме на Лејвер Купот ме удри в лице. Ми викаше дека сум никој и ништо, дека немам пари, дека не сум успешна… Го сакав Саша и се надевав дека ќе го надминеме тоа, но… Имам снимки од безбедносните снимки на хотелот“, вели девојката.