Русинката која го освои Вимблдон: Никогаш не сум се почуствувала вака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нова освојувачка на Вимблдон е Елена Рибакина, казахстанска тенисерка со руски корени, откако ја победи Онс Жабер од Тунис со 2-1 во сетови.

По крајот на мечот, трофејот ѝ го додели Кејт Мидлтон, а новата шампионка со многу емоции ѝ се обрати на публиката.

„Бев нервозна за време на мечот, но среќна сум што заврши со победа за мене. Никогаш не сум почуствувала вакво нешто. Голема благодарност до публиката на поддршката, која беше фантастична во текот на цел турнир. Никогаш досега не сум се почуствувала како сега“, кажа Рибакина.