Руски тенисер дисквалификуван откако навреди судија (Видео)

Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше дисквалификуван од натпреварот во Дубаи против Александар Бублик откако му се развика на линискиот судија при водство на ривалот од 6-7, 7-6 и 6-5.

Едно топче на Бублик го напушти теренот пред линиските судии кои не ја прекинаа акцијата, а Рубљев потоа направи грешка и се изнервира.

Рубљев дотрча до судијата и почна да го пцуе на руски јазик, а еден од судиите го разбрал тоа и се пожали кај главниот арбитар и организаторите.

Русинот се обидуваше да објасни дека никого не навредил, а Бублик кажа дека сака да продолжи со натпреварот, меѓутоа судијата реши да го дисквалификуван Рубљев.