Русокоса девојка ги „демнела“ ѕвездите на Челси (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиската тик-токерка Орла Слоун е обвинета дека вознемирувала тројца фудбалери на англискиот гигант Челси.

Слоун ги „демнела“ ѕвездите на премиерлигашот, а поради тоа ѝ била изречена условна казна од 12 месеци затвор.

Орла признала дека повеќе од четири месеци ги следела Мејсон Маунт и Били Гилмор, а осуда за вознемирување добила и поради малтретирање на Бен Чилвел.

Девојката добила и налог за рехабилитација од 30 дена и 200 часа хуманитарна работа, а притоа треба да им исплати парична казна.