Сабаленка го освои Австралија опен, па се појави емотивно видео за татко ѝ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арина Сабаленка славеше со 2-0 во сетови против Кинвен Женг и го освои Австралија опен, а потоа на социјалните мрежи се појави емотивно видео.

Сабаленка во документарец за „Нетфликс“ открива што му ветила на нејзиниот татко.

„Го загубив татко ми пред четири години. Имавме една цел, а тоа е да освоиме неколку слемови пред да наполнам 25 години. Сега имам 24 години и немам ниту еден гренслем“, кажа тогаш Сабаленка.

Сабаленка го освои турнирот во Мелбурн без загубен сет и така се запиша во посебно друштво тенисерки на кои им успеало тоа во текот на кариерата.