Сабаленка откри што ѝ кажал Ѓоковиќ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арина Сабаленка се пласира во четвртфиналето на Ју-Ес Опен, откако утрово славеше против Дарија Касаткина со 6-1 и 6-3 за 75 минути.

Сабаленка од 11 септември ќе го преземе првото место на ВТА-листата од полската тенисерка Ига Швјонтек.

Талентираната тенисерка откри дека добила интересна порака од Новак Ѓоковиќ по победата против Касаткина.

„Добив многу пораки, но најсмешната беше од Ѓоковиќ кој и самиот повторно ќе биде прв на АТП-листата. Ми напиша: Нека се насмее личноста која ќе биде светски број еден. Тоа ми беше многу смешно“, вели Сабаленка.