Саинц откри што сака да направи пред да замине од Ферари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот возач Карлос Саинц на крајот на сезоната заминува од Ферари и од 2025 година ќе вози за Вилијамс.

На негово место во Ферари ќе седне Луис Хамилтон, но има уште доста трки до крајот на сезоната и Шпанецот откри што сака да направи.

„Најголем приоритет ми е да остварам уште една победа со Ферари пред да заминам. Има уште една третина до крајот на сезоната, има уште три спринта и многу тркање“, вели Саинц.

Саинц во моментов е на петто место во генералниот пласман со 190 бодови, односно 141 помалку од лидерот Макс Ферстапен.